Бројот на блокираните бегалци во Грција достигна над 57.000

Од:

Бројот на бегалци и мигранти, кои останаа блокирани во Грција откако балканските земји ги затворија границите за нив, се зголеми за само еден ден за 5.000 лица, па денеска изнесува вкупно 57.458.

Големиот пораст е последица на тоа што грчките власти од денеска во бегалци ги вбројуваат и луѓето кои живеат во приватно сместување, кое за нив го изнајмил Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Повеќе од еден милион луѓе влегоа во Грција од Турција во последната година пред постигнувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција за враќање на мигрантите кои нелегално пристигнуваат од турскиот брег до грчка територија.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор