Бродовите на Пиреас закотвени на пристаништето поради штрајк на синдикатите на морнарите

Од:

Бродовите и траектите на најголемото грчко пристаниште Пиреас во Атина денеска остануваат закотвени поради 24-часовниот штрајк организиран од синдикатите на морнарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот започна една минута по полноќ и ќе трае до полноќ вечерва, а синдикатите бараат нови колективни договори, повлекување на нацртот за новиот законик на приватно поморско право, како и зголемувања на платите.

Бродските компании објавија измени во програмата, а сите денешни редовни линии од Пиреас до островите се откажани.

Синдикатите на вработените во поморството ќе учествуваат и во генералниот штрајк на 9 ноември организиран од двата најголеми грчки синдикати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната