Брнабиќ задоволна од преговорите во Вашингтон и Брисел: Горда сум на делегацијата предводена од Вучиќ

Од:

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во врска со постигнатиот економски договор во Вашингтон изјави дека Србија добила многу придобивки и посочи дека отворањето на канцеларијата на Меѓународната финансиска корпорација за развој (ДФЦ) во Белград е огромен сигнал за инвеститорите и индикатор за тоа колку е безбедна земјата за инвестирање.

„Горда сум на нашата земја и делегацијата, предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ, како тие ја претставуваа Србија во Вашингтон и Брисел, како преговараа за договорот и што од тоа доби Србија“, рече Брнабиќ.

Премиерката го најави доаѓањето на Меѓународната финансиска корпорација за развој во Србија и како што откри, ДФЦ треба да ја отвори регионалната канцеларија во Белград до крајот на септември.

„Тоа е сигнал за инвеститорите, за тоа колку сме безбедни, колку инвестиции ќе има и што тоа ќе значи за граѓаните и економијата“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Брнабиќ: Никој од опозициските медиуми не го забележа садизмот што го гледавме сите овие месеци

Брнабиќ: Очекувам полека да се враќа наставата на факултетите

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи