Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ оцени дека денешниот инцидент пред Градското собрание претставува „терористички чин“ извршен, според нејзините зборови, од претставници на опозицијата.
Таа на прес-конференција во српското Собрание рече дека денешниот инцидент го предизвикале „истите луѓе кои учествувале во обидот за блокада, палење и насилно преземање на државните институции во српскиот парламент“.
– Истите луѓе го продолжија бруталното насилство пред Парламентот во Белград, изјави Брнабиќ.
Таа ги обвини претставниците на опозицијата дека ја „спречиле“ новинарката на „Информер“ Бранка Лазиќ „да си ја работи работата“ и да известува од денешната седница на Собранието на Белград.
„Ја малтретирале и физички ја нападнале, дури и ја спречиле да се пресели на безбедно кога почнал нападот. Тоа не е Србија, Србија е земја на чесни луѓе кои ќе ви помогнат кога сте во опасност, особено жените. Она што го видовме од терористите на опозицијата на Ѓилас е дека тепаат жени“, рече претседателот на српското Собрание.
Неколку лица беа приведени по инцидентот пред белградскиот парламент кога се собраа активисти и граѓани и фрлаа со јајца и боја кон зградата, што доведе до физичка пресметка.