Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека „провокациите на Приштина и премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти се случуваат речиси секојдневно“. Таа рече дека приштинските власти се обидуваат да го испровоцираат српскиот народ, да ја дестабилизираат ситуацијата и дека се што прават е спротивно на Бриселскиот договор.
Таа додаде дека ситуацијата на Косово е ужасна.
„Веќе не се работи за тоа каква е ситуацијата поради барикадите и притисокот да се отстранат без никакво разбирање и размислување зошто Србите беа принудени да ги стават, туку Курти и Приштина прават провокации секој ден. Дури ги има повеќе во еден ден, одат вооружени до заби во Зубин Поток и Митровица, насилно ја напаѓаат општината, се обидуваат да го испровоцираат српскиот народ да ја дестабилизира ситуацијата. Се што прават е спротивно на договорот од Брисел. Што и да се случува, нема реакција од ЕУ“, рече таа.