Брнабиќ: Наесен очекуваме посилен бран на пандемијата

Од:

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека сега е пресудниот момент за државата да излезе од вториот бран на пандемијата со коронавирус, пренесе „Б92“.

Србија треба да го задржи сегашното ниво на дисциплина во однос на почитувањето на мерките за да бидат граѓаните подготвени за вториот бран на пандемијата на есен, кога се очекува вирусот да биде со посилен интензитет, вели Брнабиќ.

Таа рече дека државата прави план за есента и дека ќе се формира тим на експерти кои ќе ги посетат сите лаборатории за тестирање на Ковид-19 со цел да утврдат што друго треба да се набави од агенси, тестови и лабораториски материјал.

Премиерката им се заблагодари на граѓаните за нивната дисциплина и придржување кон мерките и ги информираше да продолжат да се однесуваат на тој начин.

„Мислам дека ова е пресврт, ако успееме сега, тогаш ќе излеземе од вториот бран. Мора да го одржиме ова ниво на дисциплина и да се подготвиме за есен“, рече Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брнабиќ: Суштината на протестот пред РТС е – да се убие претседателот Вучиќ

А1он

Брнабиќ: Еве ги нашите 100 потписи, еве демократска можност за нашата опозиција

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

Брнабиќ до опозицијата: Немате луѓе со кои ќе војувате

Горан Наумовски

Брнабиќ за трагедијата во Нови Сад: Никој не купува време, сериозна истрага не може да се спроведе за 15 дена

Горан Наумовски

Ана Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни

Горан Наумовски