Брнабиќ на барањата од СзС: Не поднесувам оставка, не се согласувам со уцени

Од:

Нема да поднесам оставка, ниту се согласувам со ултиматуми и уцени, одговори денеска српската премиерка Ана Брнабиќ во Крагуевац на новинарски прашања како гледа на барањето на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) за оставка на државниот врв.

– Тие не треба да го чекаат 13 април (опозицискиот митинг), може да продолжат да ни се закануваат, да ни кажат дали и мене ќе ми го спречат движењето, дали ќе ја блокираат Владата или мојата куќа, што следно ќе сторат, бидејќи на никакво насилство, ниту на било каква уцена и ултиматум нема да се согласиме, рече Брнабиќ.

Тоа е, рече Брнабиќ, ултиматум на луѓе кои покажаа дека демократијата сакаат да ја спроведат преку насилство на улиците, со бесилки и моторни пили.

-Не се уплашив, а ниту владата се уплаши од заканите, бесилките и електричните пили. Ние ја почитуваме демократијата, Србија е општество на пристојни и нормални луѓе и никогаш нема да се согласиме со ултиматуми од силеџии и фашисти, истакна Брнабиќ.

Учесниците на протестот „Еден од пет милион“ одржан во Белград во саботата побараа оставка на српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и претседателот на Собранието Маја Гојковиќ, наведувајќи дека ако не бидат исполнети нивните барања, повторно ќе се соберат во сабота, на 13 април, кога ќе му испратат порака на „узурпаторскиот режим“.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни

Горан Наумовски

Брнабиќ е избрана за нов претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Ана Брнабиќ е кандидат за претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ им се заблагодари на руските служби што ги споделиле информациите дека се подготвуваат немири

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ за протестот на опозицијата: Мајдан во Белград – тоа нема да успее

Горан Наумовски

Брнабиќ: Отворениот Балкан има светла иднина, не верувам дека Рама е против тоа

Горан Наумовски