Брнабиќ: Иницијативата „Отворен Балкан“ овозможува регионот да има иднина

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Иницијативата „Отворен Балкан“ ќе му овозможи на овој регион да има поинаква иднина, ќе овозможи поврзување на луѓето во регионот на сосема поинаков начин, поврзување на економијата и поинаков, многу подинамичен економски раст и развој.

-Некаде имате критика дека тоа е иницијатива што ќе доведе до голема Албанија, во Албанија и делумно во Северна Македонија, имате критика дека тоа е иницијатива што ќе доведе до голема Србија, но всушност тоа е иницијатива која ќе овозможи регионот да има поинаква иднина, поврзување на луѓето на сосема поинаков начин, поврзување на економијата и различен, многу подинамичен економски раст и развој, изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека ќе има целосно слободен проток на стоки, што е важно за инвеститорите, но и за српските компании, чиј пазар е првенствено во овој регион.

-Тоа е уште поважно за домашните отколку за странските инвеститори во Србија, бидејќи нивниот пазар, пред се, е во овој регион, кажа Брнабиќ.

Таа додаде дека оваа иницијатива е важна и за младите луѓе кои ќе имаат можност полесно да патуваат и полесно да најдат работа.

Ќе ни биде полесно да донесеме големи странски инвеститори бидејќи се поголем проблем ќе биде работната сила, а кога ќе имате единствен пазар и работна сила, тие полесно ќе дојдат.

Се надевам дека и другите партнери од Западен Балкан полека ќе ни се придружат, а и ако тоа не се случи, ќе имаме голема придобивка за луѓето и економијата, како и огромна политичка корист, бидејќи ќе покажеме дека сами можеме да водиме сметка за себе и за нашата судбина, изјави Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брнабиќ: Суштината на протестот пред РТС е – да се убие претседателот Вучиќ

А1он

Брнабиќ: Еве ги нашите 100 потписи, еве демократска можност за нашата опозиција

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан

Брнабиќ до опозицијата: Немате луѓе со кои ќе војувате

Горан Наумовски

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена