Брнабиќ: Иницијативата Отворен Балкан е отворена за сите

Од:

Многу луѓе, дури и европски политичари, имаат наратив дека иницијативата „Отворен Балкан“ успеа да го подели регионот наместо да го обедини, но мислам дека тоа е затоа што некои вложија многу ресурси за таквиот наратив, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ по учеството на конференција во Фиренца, јави дописникот на МИА од Белград.

По учеството на панелот „Криза и промени – европска перспектива на Западен Балкан“ во рамки на Конференцијата за состојбите во Унијата, организирана од Европскиот универзитетски институт, Брнабиќ за локалните медиуми изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ е отворена за сите, но никого нема да моли да и се придружи.

– Ние и нашите партнери во иницијативата, Северна Македонија и Албанија, постојано ги покануваме сите останати да се приклучат. Сигурна сум дека економијата и жителите на другите земји и територии, кога ќе ги видат придобивките од оваа иницијатива, ќе извршат притисок врз политичарите да ги отфрлат празните приказни и да се посветат на прагматични работи кои значат подобар квалитет на живот и поконкурентна економија во Западен Балкан, изјави Брнабиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Брнабиќ за нападот во Нови Сад: Го осудувам она што јас лично го нарекувам фашистичко дивеење

А1он

Брнабиќ: Никој од опозициските медиуми не го забележа садизмот што го гледавме сите овие месеци

Брнабиќ: Очекувам полека да се враќа наставата на факултетите

Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ

А1он

(ВИДЕО) Брнабиќ: Ректорскиот колегиум да одговори кој учествувал во обидот за воен удар

Брнабиќ: Успеавме да го исполниме четвртото студентско барање