Брисел ѝ замери на Приштина за амбасадата во Ерусалим: Тоа е спротивно на интересите на ЕУ

Од:

Одлуката на Приштина да отвори амбасада во Ерусалим е спротивна на интересите на ЕУ, порача денеска во Брисел портпаролот за надворешна политика на Европската комисија, Петер Стано.

Позицијата на ЕУ останува иста во однос на статусот на Ерусалим, за кој треба да се решава директно помеѓу Израел и Палестина. Поради ова ставот на ЕУ е земјите членки да не отвораат амбасади во Ерусалим, туку во Тел Авив сѐ додека не се реши конечниот статус на престолнината.

Со одлуката да отвори дипломатско претставништво во Ерусалим, Приштина се оддалечува од “основните вредности“ на ЕУ, рече портпаролот Петер Стано.

-Жалиме поради одлуката бидејќи со ова Косово се оддалечува од позицијата на ЕУ за Ерусалим, изјави Стано.

Тој потсети дека косовската Влада ја смета ЕУ интеграцијата за врвен државен приоритет и дека тоа треба да го почитува.

Стано додаде дека ЕУ еднакво остро реагираше и кога Србија се договараше со администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за отворање на амбасада во Ерусалим, но Србија тоа никогаш не го стори и покрај договорот.

Усогласувањето со надворешната политика на ЕУ е еден од условите за членство во Унијата за земјите кандидати.

Би можело да ве интересира

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Хезболах ја проби одбраната на Израел, ракети ја погодија Хаифа

ВИДЕО: Големи експлозии во Бејрут, Израел се посилно го напаѓа градот

Катерина Ѓуровски