ЕУ изрази жалење поради продолжувањето на активностите на Турција на сеизмички истражувања во грчките и кипарските поморски зони.
„Ова е уште еден пат што, за жал, продолжува да создава повеќе тензии и недоверба во регионот, наместо да придонесува за трајни решенија“, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи.
ЕЕАС додава дека дијалогот и воздржувањето од еднострани активности се клучни за постигнување стабилно и безбедно опкружување во источен Медитеран и развој на кооперативен и взаемно корисен однос меѓу ЕУ и Турција.
ЕУ најави дека ќе разговара за односите и можните санкции против Турција на состанокот на лидерите на ЕУ во декември