Претседателот и тренерот на Динамо Загреб, браќата Здравко и Зоран Mamich, како и претставникот на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) Дамир Врбановиќ ќе се бранат од слобода бидејќи платија кауција и ветија дека нема да ја попречуваат судската постапка што се води против нив, јавија хрватските медиуми.
Здравко Mamиќ плати седум милиони куни кауција, неговиот брат Зоран четири, додека извршен директор на ХНС Врбановиќ плати еден милион куни.
Судијата Зденко Посавец од Жупанискиот суд во Загреб рече дека се уште постојат причини осомничените да се во притвор, но поради кауцијата може да се преземат поблаги мерки.
Браќата Мамиќ и Врбановиќ се уапсени на 3 јули на границата меѓу Хрватска и Словенија по покренувањето постапка против нив за затајување данок. Се сомничат дека го оштетиле Динамо за 117,8 милиони куни, а Хрватска 12,2 милиони куни поради неплатен данок.
Се очекува Зоран и Здравко Мамиќ и Дамир Врбановиќ на слобода да излезат околу 17 часот.