Босна: „Зелените“ во Мостар без ниту еден глас, дури ни кандидатите не гласале за себе

Од:

Еколошката партија на Република Српска во општина Источен Мостар имаше двајца кандидати на локалните избори во БиХ, но не освои ниту еден глас, покажаа првите прелиминарни резултати објавени утрово.

Од единственото гласачко место во оваа општина и 100 проценти од обработените гласови, Миломир Сјеран и Тијана Вучиќ Калајџиќ останаа без поддршка.

Тоа значи дека тие самите не гласале за себе, објави сараевската Н1 телевизија.

Ист случај во оваа општина, потсетуваат, беше забележан со кандидатката на Социјалистичката партија, Ана Антељ, која исто така остана без ниту еден глас, како и со Амра Абаза, која беше кандидат на Партијата за демократска акција.

Слични појави се забележани и во претходните изборни циклуси во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он