„Бош“ ќе гради фабрика во Србија

Од:

Најголемиот производител на автомобилски делови во светот компанијата Бош ќе гради фабрика во Војводина, изјави денеска српскиот министер за финансии и економија Млаѓан Динкиќ.

Тој изјави дека реализацијата на инвестицијата на Бош во Србија – 71 милиони евра, ќе почне во следните денови.

Србија ќе го поддржи проектот со инфраструктура.

Министерот изјави дека бил даден денеска оглас за вработување на 25 инженери кои ќе работат во фабриката. Тој додаде дека фабриката ќе треба да биде завршена до крајот на годината, а во средината на следната да почне производството. Во фабриката во градот Пеќинци ќе работат 620 работници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието