Новите правила на граничните премини по приклучувањето на Хрватска кон Европската унија ги пренасочија босанските туристи кон црногорското место кон хрватското приморје, каде тие досега традиционално го минуваа годишниот одмор, соопшти хрватскиот сајт Т-портал.
Судејќи според движењето прекуграничниот премин Долјни, прекукој минуваат најчесто босанските туристи, летната сезона во јужна Далмација ќе доживее вистински колапс.
-Дури ни споредба не може да се направи со минатата година. Сега нема ни 10 проценти од Босанците, кои одмораа тука во истото време во 2012 година, а плажите во Макарска се буквално празни, се жалат локалните жители.
Маж од Сараево соопшти дека иако досега секое лето одморал во Макарска, во иднина ќе оди на црногорските плажи.
За Црна Гора не му требаат специјални документи, а може да мине само со лична карта, таму е доста евтино, а Црногорците се гостопримливи, прецизира Босанецот и додава дека доста негови пријатели и познаници одлучиле да го направат истото.