Босанец со месеци тајно снимал студентки на кои им издавал стан

Од:

Жител на босанскиот град Бања Лука е уапсен поради сомнение дека во станот кој им го издавал на студентки поставил камера и тајно ги снимал двете девојки, јавуваат локалните медиуми.

Осомничениот манијак речиси два месеца ги набљудувал и ги снимал девојките, велат од полицијата во Република Српска.

42-годишниот Младен Ј. поседува стан во Бања Лука, кој најчесто им го издавал на студенти.

„Пред неколку месеци тој им го издал станот на две девојки, а тие не знаеле за каква личност станува збор. По некое време, тој дошол во станот и им кажал дека треба да се вградат сензори за чад, за заштита во случај на пожар“, вели извор од полицијата за порталот Српска.инфо.

„Тој дошол во станот на 15 мај и во спалната соба вградил четири шпионски камери. Покрај ова, тој ставил уште три камери на други места во станот, кои се потрудил добро да ги сокрие“, вели изворот, кој додава дека не се работи за класични, туку за мали, вистински шпионски камери.

Девојките по речиси два месеца сфатиле дека манијакот тајно ги снимал. Во понеделникот навечер, тие пронашле една од камерите и веднаш го пријавиле перверзниот газда во полиција.

„Инспекторите веднаш отишле во станот кој го изнајмиле девојките, и веднаш штом ги виделе, им било јасно дека не се работи за сензори за чад, туку за камери“, додава изворот од полицијата.

Полициските инспектори сега истражуваат дали осомничениот манијак и претходно ги снимал потстанарите во неговиот стан.

Би можело да ве интересира

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Маж во Аеродром допирал и бакнувал малолетничка

Комшиќ: Претседателството ќе ги разгледа наводите за руски кампови и терористички ќелии во Босна и Херцеговина