Граѓаните на Босна и Херцеговина се најдебели жители на Балканот, втори во Европа, а дури шести во светот, ова го покажа светското истражување за дебелеење, во кое се наведува дека 62,9 процети од граѓаните на БиХ се со повеќе килограми.
Хрватите на оваа листа се на деветто место во светот, со дури 61,4 проценти од граѓаните се со вишок килограми, а на листата од десетте најдебели светски нации последното место им припадна на Англичаните.
Првото место на листата и припадна на државата Самои, која се наоѓа на јужниот Пацифик, каде што речиси целата нација, односно 93,5 проценти од граѓаните патат од прекумерната тежина.
На вторто место е Кирибати,а третото место им припадна на САД, каде што живеат 66,7 проценти граѓани со прекумерна тежина.
Елена Георгиевска