Борут Пахор денеска ќе положи заклетва

Од:

Новоизбраниот словенечки претседател Борут Пахор денеска попладне ќе положи свечена заклетва пред словенечкиот парламент, по што утре официјално ќе ја преземе должноста Претседател од шефот на државата во заминување Даниел Турк.

Турк во четвртокот во Љубљана го извести Пахор за должностите на Претседател на држава и предвидените активности за 2013 година, соопшти прес-службата на претседателот на Словенија.

Пахор, поранешен словенечки премиер, во вториот круг од претседателските избори на 2 декември го победи Турк со 67,37 отсто освоени гласови.

Пахор е четвртиот претседател на Словенија, откако земјата во 1991 година прогласи независност од поранешна СФРЈ. Словенечки претседатели беа Милан Кучан од 1991 до 2002, Јанез Дрновшек од 2002 до 2007 и Турк од 2007 до 2012 година.

Мандатот на Претседателот на Словенија трае пет години.

Пахор станува шеф на државата во време на масовни демонстрации во Словенија против власта и политичките елити, наречени „општонародно словенечко востание“.

Синоќа во Љубљана се собраа повеќе од 10 илјади граѓани, а протести се одржаа и во другите поголеми градови во Словенија.

Демонстрантите побараа оставка на политичката елита, брза и ефикасна истрага за оние кои до имот дошле на „контроверзен начин“ и одземање на имотот кој не може да се оправда, како и банкарите да ја преземат одговорноста за своите постапки.

Демонстрантите бараат и основање уставна комисија, која ќе биде составена од граѓани и која ќе ги спроведе „нужните промени на Уставот на Република Словенија“, а се залагаат и за поголемо влијание на пратениците во парламентот.

Бранот масовни протести во Словенија почна пред повеќе од три недели. На досегашните 35 улични протести учествуваа повеќе од 70.000 незадоволни граѓани.

Би можело да ве интересира

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја