Борисов: Советодавниот совет за национална безбедност свикан од Радев беше апсолутно непотребен

Од:

Советодавниот совет за национална безбедност, свикан од претседателот на Бугарија Румен Радев на тема Северна Македонија, беше апсолутно непотребен, бидејќи само ги потврди намерите запишани во Договорот за добрососедство уште од владата на ГЕРБ. Сепак, вистинската цел беше друга – Радев да покаже дека всушност тој управува. Ова, како што пренесуваат бугарските медиуми го изјавил на брифинг на ГЕРБ лидерот на партијата и поранешен премиер Бојко Борисов.

– Сосема непотребен Советодавен совет за национална безбедност. Несвесен што му се случи вчера – претседателот Радев му ја одзеде секоја можност за маневри. „Затоа што, кога апсолутно сите партии се на истиот став, тие дури и во Парламентот нема како да бараат реакција, изјавил Борисов, коментирајќи ги постпаките на претседателот Радев.

Зошто беше потребен овој Советодавен совет за национална безбедност, запраша Борисов, одговорајќи: „Сосема непотребно како одговорност, како државност, сосема непотребно како неопходност. Или со првата цел – да се покаже дека Претседателството е горниот дом на Парламентот и Претседателството ги намалува задачите на партиите, парламентот и владата“.

Според Борисов, ништо суштински ново не било формулирано на седницата на Советодавен совет за национална безбедност, а што го нема во Договорот за добрососедство.

Би можело да ве интересира

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Борисов: Се одвиваа многу процеси за Македонија без учество на Бугарија, се изгуби многу време

Радев: Ако оваа недела е потребна за разговори, на почетокот на следната не можам да дадам мандат, ќе одиме по Нова година

А1он

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Радев и честиташе на Шекеринска: Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана

А1он

Радев ја демантира Сиљановска-Давкова, тврди дека го коментирал предлогот за уставни измени со одложено дејство

А1он