Борисов и во Атина зборуваше за „Трето полувреме“

Од:

Бугарија е земјата која спасила најмногу Евреи за време на Втората светска војна, 50.000 лица, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Атина, не пропуштајќи уште еднаш да зборува за македонскиот филм „Трето полувреме“.

– Ако сме можеле ќе сме ги спаселе сите Евреи во светот, но не сме можеле и сме ги спасиле тие 50 илјади. Другите земји ни тоа не го направиле, далеку, далеку помалку, една, две држави спасиле по 300 до 400 лица. И Бугарија да заслужи да се прават филмови против Бугарија? Поради своето пријателство, поради својата љубов, поради својата отвореност… Тоа е исто како сега да обвиниш некој дека во Африка има луѓе што страдаат од жед или од глад, рече Борисов.

Тој повтори дека премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху „пред сите цитирал писмо од тогашниот германски амбасадор до неговата администрација во Германија, кој вели дека бугарскиот народ не дозволил егзодус на Евреите“.

Јасни и категорични сме и затоа точката добрососедство е толку важна, рече Борисов во Атина.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме