Борисов: Фотографиите од мојата спална соба се земени со методи на КГБ

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакна дека е мета на напади поради неговата борба против олигарсите, неговиот успех во борбата против шверцот со тутун, набавката на ловците Ф-16, како и желбата за снабдувањето со гас на Бугарија.

Тој истакна дека во Бугарија подолг период постои „црн пазар за компромитирачки материјали“, а неговите противници се обидуваат да го оцрнат пред изборите.

– Фотографиите од мојата спална соба се инсценирани и компромитирачки материјал заснован на учебник од КГБ. Олигархијата ме напаѓа затоа што Бугарија влезе во чекалната за еврото и банкарската унија и тие не можат да го користат банкарскиот систем на земјата како порано, истакна Борисов одговарајќи на првото прашање од интервјуто за наводните фотографии од неговата спалната соба.

Борисов објаснува дека фотографиите се појавија по приемот на Бугарија во еврозоната и банкарската унија, што предизвика незадоволство кај „олигарсите во Бугарија“, кои сега не можат да го заобиколат бугарскиот банкарски систем бидејќи контролата е на „европско ниво“.

Тој ја спомна и акцијата против нелегалната фабрика за цигари во Пловдив, истакнувајќи дека шверцот со тутун носи стотици милиони евра

Борисов посочи дека не зборува случајно за КГБ.

– Не случајно зборувам за методите на КГБ. Некои од моите противници кои работат за претседателот Румен Радев се поранешни тајни агенти, луѓе од овие кругови или деца на големи шпиони, офицери од руската воена разузнавачка служба, посочи Борисов.

Тој додаде дека како секој човек има љубовен живот,.

– Дали имам љубовен живот? Секако дека имам… Јас сум човек и ништо човечко не ми е туѓо… По тоа што се случи, не сакам повеќе да видам жена, наведе Борисов.

Тој во интервјуто за Борисов „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ го коментираше извештајот на Европска комисија и резолуцијата на Европскиот парламент за владеењето на правото и корупцијата во Бугарија. Според него, извештајот е објективен, но резолуцијата е политичка и резултат на напорите на политичките сили на неговите противници.

Борисов се осврна и на неодамнешните протестиво Бугарија на кои се бараше негова оставка.

– Јас секогаш зборував со почит кон демонстрантите. Исто така ова лето. Откако станав премиер, секогаш се среќавав со демонстрантите – наставници, лекари, истакна Борисов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски?

Мицкоски телефонски разговарал со Борисов, уверен е дека Бугарија ќе формира стабилна влада

А1он

Борисов доби најголем број гласови од бугарските граѓани што гласаа во Македонија

Горан Наумовски

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Николоски му одговори на Борисов: Корумпираните бугарски политичари да се занимаваат со нивниот хаос, Македонија да не ја користат како предизборна тема

Катерина Ѓуровски