Бориславова: Бугарија нема да плаќа за рускиот гас во рубли и нема да биде уценувана

Од:

Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер, Лена Бориславова за БТВ изјави дека ставот на Бугарија и на цела Европа е јасна и дека нема да подлегне на уцената и нема да ги прекрши потпишаните договори во кои јасно се наведува дека исплатата не е во руски рубљи, туку во друга валута, јави дописникот на МИА од Софија.

Додека Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов изјави за БНТ дека Бугарија добила барање од Газпром снабдувањето со гас да се плаќа во руски рубљи.

Тој наведе дека тоа не може да се случи и оти ЕУ нема да потклекне на уцена.

Вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев пред една недела изјави дека Бугарија нема да го плаќа рускиот гас со рубљи. – Имаме договор, што се почитува, изјави пред една недела Василев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов