Борхард: Апсењата во Косово се предупредување кон оние кои ги туркаат младите во тероризам

Од:

Досегашниот шеф на мисијата на ЕУЛЕКС Берн Борхард изјави дека апсењата на имами на Косово што ги спроведе косовската полиција, се предупредување кон оние кои сакаат да ти турнат младите кон терористички активности.

Во интервју за весникот „Коха диторе“ Борхард изјави дека обвинители на ЕУЛЕКС истражувале некои случаи на тероризам, кои имаат религиозни елементи.

– Мисијата ЕУЛЕКС е вклучена во истрагата на некои случаи на тероризмот во Косово, кои имаат карактеристи на верски тероризам, посочи тој.

Борхард, кој две години беше на чело на ЕУЛЕКС, додаде дека мисијата не ги поврзува тие случаи со последните апсења, кои го привлекоа вниманието на јавноста.

– Тероризмот, кој произлегува од верата или се базира на некоја друга причина, преставува мошне силна закана не само за Косово, туку и за цела Европа, истакна тој.

Говорејќи за работата на европската мисија на Косово, Борхард изјави дека биле изречени 372 пресуди, поврзани со корупција и организиран криминал.

Во врска со „големите риби“ тој посочи дека кога ќе бидат собрани доволно докази, ќе бидат покренати обвиненија против нив.

Борхард призна дека истрагата на воените злосторства по 15 години е мошне тешка поради недостиг на материјални докази.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска