Борел предложил мерки против владата на Косово

Од:

Кабинетот на високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, подготви предлог за пакет мерки наменети за Владата на Косово и премиерот Албин Курти, за кој се смета дека нема политичка волја да ги преземе неопходните мерки за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, јавува Радио Слободна Европа, повикувајќи се на информации од дипломатски извори.

Според РСЕ, меѓу предложените мерки што ги подготви кабинетот на Борел е и суспензијата на испраќањето покани за настани на високо ниво и билатерални посети (на Косово), освен за оние кои имаат за цел решавање на кризата на северот на земјата.

Исто така, се предлага да се намали присуството на јавни настани поврзани со финансиската соработка на ЕУ, во кои се вклучени членови на Владата на Косово.

Исто така, се предлага суспендирање на значителното финансирање од ЕУ, почнувајќи со суспендирање на одобрувањето и спроведувањето на предлозите поднесени од Косово во последниот круг на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и суспензијата на некои поткомитети меѓу ЕУ и Косово во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Портпаролот на ЕУ Петер Стано во вторникот потврди дека кабинетот на шефицата на европската дипломатија споделил со земјите-членки на ЕУ „нацрт мерки што треба да се преземат доколку премиерот Курти не преземе соодветни и итни чекори за деескалација на ситуацијата и намалување на тензиите“.

Дипломатски извори од повеќе земји членки за РСЕ потврдија дека членките на ЕУ не се обврзани да ги спроведуваат предложените мерки, но секако се очекува да ги почитуваат.

Некои дипломатски извори навестија дека одредени земји од ЕУ „веќе презеле некои свои мерки“ кои се слични на некои елементи од пакетот предлози што го составил кабинетот на Борељ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски