Борбата со пожарот во Александрополис продолжи, во гаснењето се вклучи и војската

Од:

Шумскиот пожар во Александрополис беснее веќе трет ден и покрај напорите на грчките противпожарни служби, војската и доброволците кои продолжија да се борат со пожарот во текот на ноќта.

Како што јави ЕРТ, седуммина пожарникари се повредени и сега се во добра состојба по укажаната прва помош.

Како што осамна, во гаснењето на пожарот се вклучија и авиони – четири авиони и четири хеликоптери, кои гаснат активни пожари од воздух, пренесува Прототема.

На терен се 198 пожарникари во 26 екипи и 59 возила, соопшти Противпожарната служба.

Во гаснењето на пожарот се вклучија и припадници на грчката армија, доброволци и локални жители.

Заменик-гувернерот на Еврос, Димитрис Петровиќ, вчера за АПЕ-МПЕ изјави дека напорите за гаснење се насочени кон Нипса, Дорикос и Амфитритис, а се прават напори да се заштити и индустриската зона Александрополис.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Противпожарните екипи се борат со неколку пожари на Лонг Ајленд

ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски