Рачно изработена бомба денеска е активирана пред куќата на поранешниот министер за финансии на Грција, Јанос Панантониу, соопшти полицијата.
Од експлозијата се запалија два автомобила, но никој не е повреден.
Бомбата експлодира утрово пред зградата каде живее Панантониу, во едно предградие на Атина.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Панантониу беше министер за финансии од 1994 до 2003 година. Тој беше министер и кога Атина го воведе еврото во 2001 година, а една година подоцна ја презеде функцијата министер за одбрана.
Откако Грција западна во тешка економска криза зачестија нападите врз политичарите.