Бомба рано изутринава експлодира во Атина, пред домот на грчки заменик обвинител, причинувајќи материјална штета врз неколку згради и автомобили, без да има повредени.
Според соопштението на полицијата, експлозивната направа била поставена во дворот на куќата, а засега нема повеќе детали во врска со инцидентот.
Во последните години имаше неколку случаи на напади со рачно изработени бомби, кои обично беа поставувани пред даночни служби или канцеларии на политичари.