Болтон: Бајден нема да се откаже од Балканот

Од:

Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон изјави дека новиот претседател Џо Бајден нема да се откаже од Балканот и дека „би било грешка да се препушти Балканот на Европа“.

„Многу добро се сеќавам на улогата што (Бајден) ја имаше во Конгресот во 90-тите во однос на конфликтот во (поранешна) Југославија, особено во БиХ, но и во регионот како целина. Не мислам дека тој ќе се откаже и јас би рекол дека неговиот избор на Викторија Нуланд за третата голема позиција во Стејт департментот, некој што е експерт за Русија, секретар за Европа во време на администрацијата на Обама, покажува дека кога станува збор за Русија, Украина, Источна и Централна Европа како целина, дека ќе има големо внимание, дека Нуланд ќе води многу силна политика. Би бил изненаден ако Бајден се обиде да и пренесе одговорност на Европската унија. Мислам дека тоа би било грешка, рече Болтон за сараевската телевизија Н1.

Тој додаде дека верува оти ова прашање е „од витално значење за САД, како и за луѓето од Балканот, да се обидат да ја завршат работата за воведување мир и стабилност во регионот, за да биде можен економски напредок“.

– Мислам дека тоа треба да биде главен приоритет и за САД, рече Болтон.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ