Бојанов: Бугарската влада го усвои ребалансот на буџетот

Од:

Предлог ребалансот на буџетот на Бугарија е усвоен и денеска ќе биде доставен до Народното собрание, изјави министерот за е-влада, Божидар Бојанов, по владината седница.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Бојанов кажа дека на владата се разговарало за конкретни текстови за ребалансот на буџетот, што допрва треба да се достави до Народното собрание.

Тој коментираше и дека напуштањето на седницата на тројца министри од партијата „Има таков народ“ не е скандал за бугарската Влада.

Засега „Има таков народ“ не ги соопшти причините за одлуката да ја напушти денешната владина седница. Медиумите во Софија пренесоа информација дека тројцата министри од партијата на Слави Трифонов, меѓу кои и министерот за надворешни работи, барале зголемување на нивните средства, а особено зголемување на платите во МНР.

Од владејачката партија „Промените продолжуваат“ најавија дека ќе одржат прес-конференција за предложениот ребаланс на буџетот на Бугарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?