Бодликавата ограда на грчко-турската граница наскоро ќе биде готова

Од:

Оградата од бодликава жица, долга 12,5 километри која се поставува на копнената граница меѓу Грција и Турција во областа Еврос, се очекува да биде готова и оперативна до средината на овој месец и многу да помогне во спречувањето на илегалната имиграција.

Оградата, која се гради од изминатово лето, веќе има огромно влијание врз приливот на илегални доселеници преку копнената граница, кои според граничната полиција се намалени за 95 проценти, јави дописникот на МИА од Атина.

Министерството за јавен ред соопшти дека полициските сили на границата, кои во моментов бројат 1.900 припадници, по изградбата на оградата ќе бидат двојно намалени.

Сепак, големиот пад на илегални имигранти кои влегуваат во Грција преку Еврос во голем дел е резултат на намалениот број нелегален прилив преку островите во Егејското Море. Од почетокот на годината до крајот на јули, полицијата и крајбрежната стража на островите во Егејското Море привеле 102 нелегални мигранти, додека во следните три месеци биле пресретнати дури 1.536 имигранти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Страотен пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис