Блинкен: САД се посветени на обезбедување стабилност и безбедност на Западен Балкан

Од:

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, по повод указот на американскиот претседател Џо Бајден за проширување на санкциите за лица и организации од Западен Балкан, рече дека САД се посветени на обезбедување стабилност и безбедност на регионот, што ќе им овозможи на земјите од регионот да го „исполнат својот потенцијал како слободни и просперитетни демократии“.

„Корупцијата предизвикува директна штета на надворешната политика, националната безбедност и економското здравје на САД и нашите сојузници и партнери. Затоа сме решени да промовираме одговорност и да се бориме против неказнивоста на оние кои се вклучени во значителна корупција на Западен Балкан и светот“, нагласи Блинкен.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека посветеноста на САД за унапредување на демократијата, транспарентноста и отчетноста низ целиот Западен Балкан е силна и „во согласност со стандардите што земјите во регионот мора да ги исполнат за да ја постигнат својата цел да напредуваат на европскиот пат“.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски