„Блиц“: Српскиот нарко-бос Дарко Шариќ испрал 1,7 милијарди евра преку 600 фирми од Србија

Од:

Oбвинителството за организиран криминал и српската полиција изминатите три години водат акција за разоткривање на перење пари во Европа. Како што објави Блиц, се работи за импознатна цифра од 1,7 милиони евра кои како што постојат сомневања, Дарко Шариќ, нарко-бос во бегство ги вложил во српската економија.

Шариќ како што се сомнева полицијата парите ги испрал давајќи кредити кои во Србија ги зеле околу 600 фирми, објави весникот.

Претходно српски медиуми јавувија дека Шариќ создал „машинерија“ за перење пари. Основани биле најмалку 50 фирми чија цел била во легални текови да уфрлат пари заработени од трговија со кокаин.

Досегашните податоци укажуваат дека се испрани најмалку четири милијарди евра, но сомненијата се дека таа цифра е двојно повисока. Шариќ станал сопственик на фирми во Војводина, хотели, угостителски објекти, дискотеки, стотина станови.

Вистинските последици за таквото работење особено кога станува збор за приватизации, се уште не се согледани до крај. Сепак, се знае дека капиталот е „испумпан“, работници завршиле на улица, а Шариќ испрал милијарди, наведуваа српски медиуми.

Списокот на фирми преку кои работел тој во Србија не е конечен бидејќи десетина негови соработници биле ангажирани за формирање фирми за перење пари, а секој од нив од исти причини направил своја мрежа на фирми.

Шариќ според достапните информации основал три фирми во американскиот град Делавер и тие како основачи се појавуваат во повеќе од 30 фирми, неколку клубови, хотели па дури и градинки. Девет фирми се основани во Црна Гора, две во Ровињ, Хрватска, една во Прага и 25 во Србија.

Би можело да ве интересира

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад