Бинали Јилдирим кандидат за нов премиер на Турција

Од:

Централниот управен совет на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) денеска донесе одлука да го предложи актуелниот министер за транспорт Бинали Јилдирим за единствен кандидат за нов партиски лидер, кој потоа ќе ја преземе и должноста премиер на Турција, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Се очекува Јилдирим, кој важи за близок човек на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, официјално да биде избран за нов лидер на АКП на партискиот Конгрес закажан за в недела.

По Конгресот на АКП, се очекува веќе в понеделник Ердоган на Јилдирим да му го довери мандатот за формирање нова Влада, во која според некои турски медиуми, моќниот ресор за економија би можел да го преземе актуелниот министер за енергетика и зет на шефот на државата, Берат Албајрак.

Јилдирим на должноста лидер во АКП и на местото премиер треба да го наследи Ахмет Давутоглу, кој на почетокот на овој месец поднесе оставка на двете функции, поради несогласувања со претседателот Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕO) Невообичаено светло над Истанбул: Граѓаните вознемирени, се огласи вселенската агенција

Предраг Петровиќ

УЕФА го казни херојот на Турција

Горан Наумовски

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Најмалку пет лица загинаа во експлозија на гас во Измир, повеќе од 60 се повредени

(ВИДЕО) Eксплозија во Турција, четири лица загинаа, над 20 се повредени

Горан Наумовски