Шефот на шведската дипломатија Карл Билд се двоуми околу неопходноста повторно да бидат воведени визи за балканските земји.
Тој тврди дека тоа би ги погодило обичните, чесни луѓе, како и комуникацијата и интеграцијата меѓу слободните луѓе во Европа, младите и студентите на кои ние всушност сакаме да им помогнеме, вели Карл Билд.
„Тоа би ги погодило обичните, чесни луѓе, како и комуникацијата и интеграцијата меѓу слободните луѓе во Европа, младите и студентите на кои ние всушност сакаме да им помогнеме”, вели Карл Билд.
„Освен тоа, имаме и значајна миграција на работна сила која доаѓа од Србија, така што слободното движење во основа е во наш интерес”, вели Билд.
„Еден дел од нив ја ползуваат ситуацијата и доаѓаат со автобуси, меѓу другото, и во Шведска. Тука чекаат на решавање на нивните азилантски барања и добиваат пари кои се наменски буџетирани во шведскиот систем, а потоа се враќаат дома”, вели шефот на шведската дипломатија.
„Претседателот на Бундестагот деновиве рече дека ‘сега е време за сопирање на проширувањето. Таков тип на сигнали ги поттикнува националистичките сили на Балканот, а тоа воопшто не е ниту во нивен, ниту во наш интерес”, потенцираше Билд во интервју за Шведското радио.