Министерството за цивилни работи на БиХ денеска доби известување и потврда од Глобалната алијанса за вакцини дека испораката на вакцини во земјата ќе почне во средината на февруари.
Бројот на вакцини произведени од компаниите „Фајзер/Бионтек“ кои БиХ ќе ги добие во средината на февруари е 23.400 дози, додека бројот на вакцини од „АстраЗенека / СКБИО“, што БиХ ќе ги добие во средината или крајот на февруари, е од 153.600 до 259.200 дози.
„Ние сме многу среќни што можеме да споделиме со вас писмо од директорот на Ковакс, кое ги содржи најновите информации за дистрибуција на вакцини за БиХ преку механизмот Ковакс. Ова писмо се однесува на наменска дистрибуција која е прецизно креирана за БиХ“, се вели во соопштението на Министерството.
Посочено е дека се работи само за прва алокација за БиХ. Станува збор за вакцини кои го добиле потребното одобрение од Европската агенција за лекови и се одобрени од Светската здравствена организација.