БиХ има уште два дена да ги именува своите претставници во ПССЕ

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска го предупреди Парламентот на Босна и Херцеговина дека има само уште два дена да ги достави имињата на членовите на неговата делегација во претставничкото тело на најстарата паневропска организација или во спротивно во него нема да има босанските членови во текот на 2019 година.

Коизвестувачите за следењето на обврските на Босна и Херцеговина кон ПССЕ, пратениците Тини Кокс од Холандија и Сергеј Соболев од Украина, испратија писмо до претседателите на двата дома на Парламентот на БиХ во кое изразија загриженоста поради „големата веројатност“ дека Сараево нема да го исполни законскиот рок – 6 април на полноќ, за предлагање на своите претставници.

Во согласност со Правилникот на ПССЕ, Парламентот на една земја има шест месеци од денот на изборите да ги достави имињата кои ја сочинуваат неговата 10-члена нова делегација. Изборите во Босна и Херцеговина се одржаа на 6 октомври 2018 година.

Коизвестувачите наведуваат дека се „свесни за политичката ситуација во Босна и Херцеговина” и дека преговорите за формирање на влада на државно ниво може да влијаат на назначувањето на босанската парламентарна делегација.

– Отсуството на босанската парламентарна делегација во Собранието е многу лош сигнал за способноста на вашата земја да ги почитува своите обврски во областа на демократијата, владеењето на правото и човекови права, се наведува во писмото на Кокс и Соболев до претседателите на двата дома на Парламентот на БиХ.

Би можело да ве интересира

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Совет на Европа: Приемот на Косово не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи

Косово може да стане членка на Советот на Европа