Би-Би-Си: Шест од десет млади Косовци се невработени

Од:

Масовниот егзодус на граѓаните на Косово го сврте вниманието и на големите светски медиуми, меѓу нив и сервисот на Би-Би-Си.

-Ние сме два милиони птици во кафез со надеж за подобар живот, вели млад Косовец за Би-Би-Си, во истражувачката сторија на новинарот Гај Де Луни,во која се содржани и изјави со слична содржина и од други млади лица.

Според Би-Би-Си,иако Косово независност од Србија проглсило пред седум години, многу малку останало за радост во оваа земја. Косово повеќе не е со најголем процент на невработеност, тоа сега е Босна и Херцеговина, но според статистиката која ја пренесува Би-Би-Си, шест од десет млади Косовци се невработени.

Министерот за интеграција Беким Ќолаку за Би-Би-Си изјавил дека „сите кои го напуштиле Косово треба да се вратат назад“. Тој ги советува  младите Косовци  илеглано да не одат никаде.

– Доколку младите одлучиле да ја бараат среќата надвор од Косово, тие треба  да се ангажираат заедно со нас да овозможиме либерализација на визниот режим, со цел да профитираме слободно движење низ Европа, изјави Ќолаку.

Но, според Би-Би-Си голем број граѓани на Косово дури и не може да замислат соработка со косовската влада, бидејќи тие кон неа чувствуваат само презир.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска