„Беше страшно, уште сум во шок“ – сведочи Македонец кој се затекнал на местото на несреќата во Грција

Од:

Еден од очевидците, Македонец, кој утринава се враќал дома од Кушадаси, се нашол на местото на сообраќајната несреќа која го потресе регионот.

Три лица загинаа утрово во страшна сообраќајна несреќа меѓу автобус со српски регистарски таблички и автомобил што се случи нешто пред 7 часот наутро на 521-от километар од магистралниот пат Атина-Солун, во близина на областа Поликастро на излезот Евзони. Како што изјавува еден од очевидците за Телеграф.рс, глетката била страшна, а две тела виселе над хаубата на автомобилот.

– Беше страшно, се уште сум во шок. Едното возило беше на среде пат, целосно згмечено, а од него над хаубата висеа две тела, најверојатно возачот и сопатникот. Патинците не можеа да излезат од српскиот автобус додека не дојде брзата помош. Паднаа во ендек, но не премногу длабоко – вели Македонецот кој набрзо по сударот се нашол на местото на несреќата.

Во сообраќајната несреќа учествуваа двокатен туристички автобус со српски регистарски таблички и 78 патници, кој директно се судрил со автомобил со четворица патници. Тројца сопатници од автомобилот се пронајдени мртви, а подоцна почина и четвртиот.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина