Берлин: Турција знаела дека напаѓачот на американската амбасада се вратил во земјата

Од:

Турција знаела дека Алисан Санли, напаѓачот на американската амбасада во Анкара, се вратил во земјата од странство, изјави германскиот министер за внатрешни работи, еден ден откако Анкара го обвини Берлин дека не прави доволно за следење сомнителните екстремисти.

“Колку што знам, турските влсти минатата година знаеле за фактот дека човекот кој ја фрлил бомбата на американската амбасада влегол нелегално во Турција”, им рече Ханс-Петер Фридрих на новинарите, за време на посетата на Истанбул, пренесе АФП.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера ги обвини европските земји, особено Германија и Франција дека им дозволуваат на “терористите” слободно да шетаат низ Европа.
Тој рече дека некои европски земји не се осврнуваат на повиците од Турција да покажат солидарност во борбата против тероризмот.

Германските медиуми објавија дека левичарскиот екстремист Алисан Санли живеел во Германија, откако излегол од затвор во Турција 2001-та година.

Тој бил уапсен во 1997. поради Напад на полициска зграда во Истанбул и на воениот комплекс Харби.

Во затворот во 2000 година, учествувал во серија штрајкови со глад, каде што во некои случаи завршуваа и со смрт на затвореници.

Весникот “Зидојче цајтунг” пишува дека Санли побарал политички азил во Германија, но неговото барање било одбиено и бил замолен да ја напушти земјата поради неговите врски со екстремистичката Револуционерна народно ослободителна партија-Фронт (DHKP-C), која, ја презеде одговорноста за нападот во Анкара.

Според истиот весник, Санли не бил следен, бидејќи се сметало дека непретставува закана.

Во нападот на бомбашот самоубиец на влезот на амбасадата на САД во Анкара на 1 февруари, загинаа две лица, напаѓачот и лице од обезбедувањето, додека една жена беше сериозно повредена.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници