Берлин со критики за барањето на Грција од 279 милијарди евра

Од:

Германскиот министер за eкономија Зигмар Габриел го критикуваше денеска грчкото барање за исплата на 279 милијарди евра на име воени репарации за штетите предизвикани од нацистичка Германија во втората светска војна, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според Габриел, неговата земја е подготвена да и помогне на Грција да се стабилизира и да остане во еврозоната, но веќе не е јасно како да продолжи помошта.

– Оваа земја е подготвена да помогне Грција да застане на здрави нозе – уште повеќе според моето цврсто убедување во рамките на еврозоната, не надвор од неа. Но како можеме да го направиме тоа мене не ми е многу јасно, изјави Габриел за време на разговори во министерството за економија.

Габриел покрај тоа што е министер за економија и енергија е вицепремиер во владата на канцеларката Меркел и претседател на социјал демократите (СДП), втората најмоќна германска партија. Долгот што Грција го бара од Германија е повисок од долгот што Атина го има кон целата ЕУ.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица