Бериша: Само демократска револуција ја спасува Албанија

Од:

Поранешниот албански премиер и екс лидер на најголемата опозициска политичка сила, Демократската партија, Сали Бериша, по барањето на Обвинителството  за апсење на двајца пратеници за што авторизација треба да даде Парламентот, во реакцијата преку неговиот профил на Фејсбук оценува дека „само демократска револуција ја спасува Албанија од убијците кои се на чело на власта“.

-Обвинителството бара авторизација од Парламентот за апсење на пратениците од мнозинствотпо, Том Доши и Марк Фроку, бидејќи го обвинуваат Илир Мета дека нарачал платени убијци за ликвидација на двајцата пратеници. Обвинителството не бара да му се одземе имунитетот на Мета, кој како претседател на законодавниот дом извршил низа криминални дејствија, но кој во име на рамноправмоста пред законот  тој не може да биде обвинет, -пишува во иронија меѓу другото Бериша.

Бериша ја повикува опозицијата и народот преку протести да ја соборат“ криминалната власт“ додека не е доцна, зашто земјата се подлабоко пропаѓа во пропаст.

Инаку, опозицијата по мирниот протест во Тирана одржан во четвртокот, завчера мирен протест одржаa и во Драч,  а најави слични протести и во други градови. На протестот во Дртач лидерот на демократите Љуљзим Баша, го повтори барањето за оставка на премиерот Еди Рама и првиот парламентарец Или Мета.

По обвинувањата од страна на споменатите пратеници, обвинителството спроведе истрага во која на сослушување беа повикани и Мета,Рама и Бериша, како и други лица,меѓу кои и неколку за кои тие тврдеа дека се токму најмените убијци.Обвинителството заклучи дека обвинувањата се лажни и побара од парламентот да им се одземе имунитетот за да може да покрене обвинение  за измама и клевета.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата