Бериша повика на масовен протест против „Отворен Балкан“ в понеделник

Од:

Поранешниот албански претседател, експремиер и историски лидер на опозициските демократи, Сали Бериша, пред да гласа на референдумот што тој го организира за разрешување на актуелниот лидер Љуљзим Баша, ги повика албанските граѓани в понеделник во 16 часот „да протестираат во одбрана на националните интереси“.

Бериша, уште рече дека понеделничкиот протест го организира „во име на народот“.

Додаде дека овој протест ќе биде против „Отворен Балкан“, опишувајќи го како „сојуз против виталните интереси на Албанците, како сојуз кој промовира дестабилизација, оспорувајќи го Берлискиот процес а со цел регионот да го стави под српска хегемонија“.

Во понеделник и вторник во Тирана ќе се одржи седмиот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, на кој е најавено присуство на македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ, кому Бериша, нарекувајќи го новиот Милошевиќ, му се закани да не доаѓа во Тирана, како и домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама.

Меѓу другото, на оваа средба, се очекува да биде потпишан Меморандум за работни визи меѓу трите земји.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Поранешниот претседател и премиер на Албанија Сали Бериша обвинет за корупција

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

A1on

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски