Бериша до Рама: Ако си маж, утре остани во канцеларија!

Од:

Лидерот на Демократската партија – Сали Бериша на денешната прес-конференција изјави дека албанскиот премиер Еди Рама, ќе добие „лекција од граѓаните за време на масовниот протест што опозицијата ќе го одржи утревечер пред Владата”.

-Ќе и одржиме лекцијата на Владата каква што заслужува, така ќе го опишам протестот. Граѓаните ќе ѝ одржат силна лекција на владата. Нека остане во канцеларија. Тоа е она што го велам, остани таму. Ѕидовите ги блиндиравте, ги запечативте вратите, влези и остани внатре, ако си маж, рече Бериша.

Додаде дека „Рама е во црвен круг” и оти опозицијата и граѓаните ќе го соборат.

-Престанавме да соработуваме со нарко-мнозинството, ние опозициските сили ќе формираме комисии за територијална и изборна реформа. Ќе ја спроведеме вистинската реформа, нагласи Бериша.

Неговата партија во парламентот има 50 од вкупно 140 пратенички места.

Протестот е поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, кој е во затворски притвор, а почнува во 17 часот пред владата во Тирана.

Би можело да ве интересира

Рама: Италија може да побара од Албанија што сака и ние ќе кажеме да

А1он

ВИДЕО: Еди Рама и Макрон го исмеваат Трамп за „мировниот договор меѓу Азербејџан и Албанија“

Катерина Ѓуровски

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски

Кошта од Тирана: Албанија може да биде во европското семејство и пред 2030 година

А1он

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Излезни анкети на парламентарните избори во Албанија, триумф на партијата на Еди Рама

А1он