Белорусија и подарува на Србија два система за противвоздушна одбрана и осум ловци МиГ-29

Од:

Белорусија ќе и подари на Србија два ракетни систем за противвоздушна одбрана тип „Бук“ и осум ловци „МиГ-29“, а Србија ќе треба да го подмири нивниот ремонт и модернизација, изјави за весниот „Политика“ српскиот министер за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ.

– Со овие системи и ловци, што ќе бидат доставени следната година и авионите што беа подарени од страна на Русија, српскиот систем за противвоздушна одбрана значително ќе се модернизира, изјави Ѓорѓевиќ по враќањето од Минск, каде беше на посета заедно со српскиот премиер Алексадар Вучиќ.

Српскиот министер за одбрана истакна дека има и други можности за воена соработка со Белорусија, вклучително и создавање на заеднички компании во областа на одбранбената индустрија, со цел трговија со трети земји како Русија и земјите од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи