Белграѓани не смеат да излезат на балконите при посетата на Путин

Од:

Поради посетата на рускиот претседател, Владимир Путин на Белград, граѓаните кои живеат во зградите покрај автопатот добиле забрана од Министерството за внатрешни работи на Србија, да не излегуваат на своите балкони и прозорци.

Како што пренесуваат српските медиуми, жителите на Булевар Арсеније Чарнојевиќ се информирани дека на 16-ти овој месец, поради безбедност на Путин, не смеат да ги креваат ролетните од прозорците, но и да изгледуваат на балконите.

stanari-bdg

Инаку и во текот на претходни посети на високи државни личности биле применувани ригорозни мерки за безбедност. За време на престојот на американската државна секретарка Хилари Клинтон и американскиот потпретседател Џозеф Бајден, на сила биле мерки за безбедност од прв степен.

Медиумите пренесуваа дека за безбдноста на Бајден се грижеле повеќе од 300 американски агенти и повеќе од 2.000 српски полицајци, а еден ден пред посетата специјалци ги „прочешлале“ балконите, таваните и подрумските простории во зградите покрај каде што требало да се движи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите