Белградските адвокати стапуваат во штрајк

Од:

Собранието на Адвокатската комора на Белград ја изгласа одлуката за прекин на работата на белградските адвокати од петок.

Адвокатите ќе штрајкуваат во петок на 24 декември, а како што се наведува, прекинот на работата ќе трае до исполнување на барањето.

Адвокатите бараат повлекување од јавната расправа на Предлог-законот и измените на Законот за парничната постапка во целост, отстранување на правната несигурност предизвикана со донесувањето на изменетиот став на Врховниот касационен суд од 16 септември 2021 година на начин што би биле прифатливи за граѓаните и адвокатите.

Бараат и надлежните државни органи итно да донесат одлука за замрзнување на даночните обврски во однос на адвокатите, а согласно Уредбата за поблиски услови, критериуми и елементи за паушално оданочување на даночните обврзници на приходите од самостојна дејност на ниво на 2021 година, во однос на новозапишаните адвокати да го задржат даночното оптоварување на ниво од 2018 година (пред донесување на Уредбата), додека не се постигне договор меѓу претставниците на адвокатската фела и државата.

Белградските адвокати најавуваат и дека во деновите на прекин на работата нема да постапуваат во постапки пред судовите и другите органи на територијата на цела Србија, без исклучоци.

Суспензијата се однесува на сите постапки, вклучително и т.н притворски случаи, постапки против малолетници и постапки по привремени мерки.

За време на штрајкот адвокатите можат да дадат писмени поднесоци кои се поврзани со рокот и во ситуација странката да го изгуби правото да поднесе правен лек или би била причинета ненадоместлива штета.

Би можело да ве интересира

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

ВИДЕО: Нападнати студентите кои го блокираат Правниот факултет во Белград, седуммина повредени

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија