Белградската полиција денес соопшти дека во две акции приведе две лица, поради осомниченост дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотички средства и заплени повеќе од три килограми дрога.
Полицијата поради сомнеж дека сторил кривично дело го притвори И.Т (28 ) од Белград.
Во текот на претресот на станот на осомничениот полициајта пронајде околу два килограми марихуана, 190 грама амфетамини и 926 таблетки екстази.
Во втората акција приведен е дваесет и двегодишниот Н.Б од Белград кај кого е пронајден пакет со килограм марихуана.
Двајцата осомничени со кривична пријава ќе му бидат предадени на дежурниот истражен судија во Белград.
Елена Георгиевска