„Белград во 2020“ се поблиску до целта

Од:

Европскиот парламент во Брисел на 15. јули ќе одлучи кој ќе биде градот – престолнина на културата во 2020 година. На врвот од листата кандидати, во многу тешка конкуренција се наоѓа главниот град на нашиот северен сосед, Белгарад.

На „Белград 2020“ активно се работи повеќе од три години со големо внимание затоа што тој е најважниот проект во областа на културата и е дел од официјалната стратегија за развој на градот.

Многу силна поддршка на овој проект му даде и пратеничката одговорна за развојот на културата и образованието во Европа, Дорис Пак.

Според претседателот на одборот кој го работи проектот, Александар Пековиќ, поддршката од граѓаните е многу висока и изнесува рекордни 80 проценити. Медиумите исто така помагаат со промоцијата на проектот за кој веќе се објавени повеќе од 2.000 позитивни статии во земјата и светот.

Официјалното истражување на Агенцијата за европска интеграција проектот го оцени како еден од најважните со европска перспектива.

Организацискиот комитет на „Белград 2020“ досега потпишал договори за партнерство со 15 градови, а се работи на започнување соработка и со Париз, Берлин, Рим, Виена, Милано, Будимпешта и Ливерпул.

Значењето на титулата Европска престолнина на културата се споредува со добивањето на Олимписките игри. Од 1975 година до сега 45 градови ја имале честа да ја добијат оваа улога и во сите од нив на секое инвестирано 1 евро се вратени во просек 8 до 10 евра.

Белград го препознаваат како град на историјата, уметноста, економијата, мултикултурата, спортот, мултинационалноста, забавата. Неговите граѓани и владата на Србија цврсто се одлучија тој да биде европската престолнина на културата 2020 година.

Проектот е платформа за едукација на млади, оние кои работат во областа на културата и трансформација на културните модели и привлекување на нова публика, соопшти Пековиќ и додаде „Ние направивме се што можеме, сега е ред на Европскиот парламент да се одлучи“.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски