Белград се подготвува за надоаѓањето на река Сава, која се заканува да ја поплави најголемата електрична централа во Србија и да предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Најмалку 17 луѓе загинаа во петдневните поплави во Србија, а десетици илјади луѓе останаа без домови.
Од поплавите загрозена е и термоелектраната „Никола Тесла“, која ја снабдува со електрична енергија половина Србија и поголемиот дел од Белград, се наоѓа во Обреновац – најпогодениот град од поплавите, од кој се евакуирани околу 7.000 луѓе. Околу 2.000 луѓе се блокираниа на повисоките катови на зградите без електрична енергија и телефон.