Белград повторно го зазеде првото место: Утрово најзагаден град во светот

Од:

Белград утринава беше најзагадениот град во светот со алармантно лош квалитет на воздухот, јави весникот Блиц.

Според податоци од апликацијата „IQ Air“, Белград повторно го зазеде првото место на листата на најзагадени градови во светот, коментира весникот и додава дека индексот на загаденост бил 172.

Нешто „подобра“ е состојбата во главните градови на Индија, Полска и Обединетите Арапски Емирати, кои ги заземаат второто, третото и четвртото место на оваа листа. Меѓу првите пет е и Кина, односно главниот град Пекинг, кој исто така е обоен во црвено што е знак за многу нездрав и загаден воздух, пишува „Блиц“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он